Се продава удел во најголемата нафтена компанија за 19 милијарди долари

75

Саудиска Арабија размислува да продаде дел од својата гигантска државна компанија за нафта на голем странски инвеститор, веројатно од Кина.

Престолонаследникот Мохамед бин Салман во вторникот ја потврди можната продажба на удел од 1% во најголемата нафтена компанија во светот. Влогот би вредел околу 19 милијарди долари врз основа на пазарната вредност на Aramco.

“Сега се дискутира дека странски глобален лидер во областа на енергетиката треба да купи 1% од Aramcо“, рече Бин Салман во телевизиско интервју. Тој додаде дека ќе биде многу важна работа да се поттикне продажбата на Aramcо во “многу голема земја“.

Кина е најголем купувач на саудиската сурова нафта, увезува повеќе нафта од кралството oд било која  друга земја во 2020 година, според податоците на Генералната кинеска управа за царина.

Фото: Pixabay