Сè што сакаш е Грција – слоган за привлекување туристи

48

Грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис ги повика луѓето од целиот свет ова лето да го поминат на одмор во Грција, истакнувајќи го слоганот на земјата – Сè што сакаш е Грција.

“Сега и засекогаш единствено што сакате е Грција. Да ја вратите насмевката на лицето, со надеж дека ќе се вратите во нормален живот, единствена работа што ја сакате е Грција“, рекол Теохарис во обраќањето на меѓународниот саем за патувања што се одржува во Берлин, којшто оваа година беше организиран во онлајн формат.

Тој рекол дека неговата земја, ако дозволат епидемиолошките услови, ќе ги отвори вратите за туристите до 14-ти мај. До тогаш ќе биде испитано пилот отворање, најверојатно на почетокот на април, со земјите од Европската унија и земјите што имаа голем напредок во вакцинирање на населението, како што е Израел.

Според Теохарис, Грција е спремна да ги пречека туристите од странство ако исполнат еден од трите услови: да се вакцинирани, да имаат антитела или негативен тест на Ковид-19.

Фото: Pexels