Се укинува бесплатното возење во автобусите

18

Град Скопје од утре ја укинува мерката за бесплатен превоз на сите граѓани во автобусите на ЈСП и во оние на приватните превозници.

“Во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, коешто е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината. Поради тоа, од утре се укинуваат воведените мерки за бесплатен превоз за сите граѓани и ослободувањето од работа за вработените во Град Скопје и во јавните градски претпријатија над 60-годишна возраст со хронични заболувања, како и бремените жени“, велат од Град Скопје.

Оттаму велат дека ќе продолжат со контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината. Градските власти, како што стои во соопштението, ќе продолжат со миење на градските улици и булевари што се во нивна надлежност и ќе го продолжат инспекцискиот надзор над инсталациите што се во негова надлежност.