SeaSalts – ламби што се создаваат од морска сол и смола

138

ok

Фото: Nir Meiri

Дизајнерското студио Nir Meiri, со седиште во Лондон, дизајнираше ламба што самата се создава преку кристализирање на морска сол во смола.

Неговиот основач, Нир Меири после долго експериментирање со морската средина, го претстави својот најнов дизајн наречен SeaSalts.

SeaSalts се ламби за чијашто креација е потребна морска сол, смола и метал, а како инспирација на креаторот му послужил процесот на кристализирање на предмети кога се ставени во солена водна средина. Во претходно одбран калап, каде што е ставена чиста смола, се нанесува сол којашто кристализира при што се добиваат уникатни природни форми. Кога ќе се запали светилката, се добива нежно амбиентално светло.

Дијаметарот на SeaSalts е 13 сантиметри, висината на столната ламба е 28, додека на таванската изнесува 38 сантиметри.