Seavus со најголем тим на Скопскиот маратон

46

Со убедливо најголем тим од 72 вработени на овогодинешниот маратон учествуваше и најголемата ИТ компанија во земјава, Seavus.

На 5-километарската трка на Скопскиот маратон особено доминираа зелените маици кои ги носеа вработените на Seavus. Покрај овие, компанијата имаше и свои учесници на полумаратонот.

Овој тим од 72 вработени во изминатите два месеци интензивно преку тренинзи се подготвуваше за претставување на маратонот, а напорните подготовки очигледно дадоа плод со оглед на фактот дека младиот Кристиан Ефремов, џуниор девелопер во Телеком дивизијата на Seavus го освои и седмото место на петкилометарската трка.

Кај тимските резултати на споменатата делница, Seavus во категоријата мажи го освои 9-то место, а во категоријата жени 19-то.

Seavus важи за компанија која го негува квалитетниот и здрав начин на живот, а тоа го покажува како со традиционалното учество на Скопскиот маратон, така и со бројни активности кои постојано се организираат. Од минатата недела, во рамки на компанијата функционира и опремен спортски центар достапен за сите вработени во секое време.