Седница на Комисијата за хартии од вредност

2

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност Ѓорги Палевски да биде директор на брокерската куќа Поштел брокер АД Скопје и во наредните четири  години, пишува Миа.

На седницата одржана денеска со која претседаваше претседателот на Комисијата Елизабета Чингаровска донесено е Решение со кое понудата за преземање на акциите издадени од Жито Караорман АД Кичево дадена од страна на Сретен Миладиноски се утврдува како успешна.

Врз основа на оваа понуда, преземачот се има стекнато со вкупно 2.975 обични акции и заедно со акциите што веќе ги поседуваше (2.625 обични акции) има вкупно 5.600 хартии од вредност што претставува учество од 50,67% од вкупниот број обични акции издадени од Жито Караорман АД Кичево.

Понудата за преземање била прифатена од вкупно тројца сопственици на обични акции со право на глас во Жито Караорман АД Кичево.