Седум фрази што успешните луѓе не ги кажуваат

22

palec-nadolu

Фото: Pixabay

Сите сакаат да бидат успешни. Но, некогаш зборовите ни ја поткопуваат шансата за успех. Работите што ги зборуваме во канцеларијата, без разлика колку едноставни ви изгледаат, можат да ве саботираат во напредокот во кариерата. Доколку сакате да постигнете успех, еве седум фрази што треба да ги исфрлите од работниот вокабулар:

1. Тоа не е во описот на моето работно место

Кога сте ја прифатиле вашата актуелна позиција, сте имале добра идеја за одговорностите и обемот на работа. Во текот на следните месеци или години откако сте се усовршиле во работата, вашата улога се проширила и го променила обликот. Некои од овие промени веројатно се добри, додека другите што сте ги направиле сакате да ги заборавите. Кога вашиот претпоставен или менаџер ќе ви постави нови одговорности на вашите веќе претрупани рамена, тоа би можело да биде примамливо за да се повлечете со класичното избегнување на работата. Сепак, подобра опција е да си закажете состанок за да разговарате со претпоставениот за вашата улога. Посебен разговор за вашето место во организацијата е погодно време да дојдете до деталите за описот на вашата работата, а не кога ќе ви биде побарано нешто да сработите. Не е важно колку сте под стрес или колку е валидна жалбата, оваа фраза само ве прави да изгледате мрзливи и демотивирани.

2. Не може да се сработи

Отфрлајќи ја наложената работа, правите да изгледате како несигурен човек кој се откажува лесно. Наместо да се откажете целосно од проектот, поставете рамка на алтернативни начини за извршување на работата. Многу малку работи се вистински невозможни и повеќето од менаџерите и претпоставените сакаат да ги натераат вработените да размислуваат за решавање на проблемите, за да можат да се искачат на корпоративната скала. Доколку понудите решенија наместо да се откажете, на вас ќе гледаат како на вреден член на тимот.

3. Не е по моја вина

Никој не сака да работи со луѓе што ја префрлаат вината на некој друг. Затоа што е прашање на време кога ќе ја префрлат вината и на вас. Преземете одговорност за сопствените грешки, наместо да ги посочувате недостатоците на другите. Признавањето на грешката покажува карактер и способност за учење од проблемите. Посочувајќи го прстот на другиот, имплицира дека вие никогаш вистински не учите од вашите грешки.

4. Ова ќе трае само една минута

Освен ако нешто вистински не одзема 60 секунди, тогаш не ветувајте дека ви е потребно толку време. Кажувајќи му некому дека работата ќе биде завршена за минута има пропратен ефект на поткопување на вашите напори. Кога ќе кажете дека е потребна само минута, вие си го кратите времето за извршување на работата.

5. Не ми е потребна помош

Типот на луѓе како што е “осамен волк“ стануваат херои во акционите филмови, но нема да станат херои во вашата компанија. Можеби мислите дека можете да го праќате сами да работат на проект, или да напредуваат во кариерата, но тимската работа е есенцијална. Да бидете во можност да работите со други луѓе е одлика на добар лидер и нема секогаш да напредувате во кариерата летајќи соло.

6. Тоа не е фер

Животот не е фер, и исто така и вашата кариера нема да биде фер. Наместо да се жалите, треба ги пронајдете специфичните работни околности за решавање на проблемите. Не е фер вашиот колега да ја добие работа на проектот што го сакавте? Можеби е така, но наместо да се жалите, подобро е да почнете да работите повеќе и понапорно. Изнаоѓање на решенија секогаш ќе биде подобро во вашиот професионален живот, отколку да се жалите.

7. Секогаш се работело на овој начин

Вршење на работите како што секогаш се правеле не е начин како да го водите вашиот бизнис. Прилагодување на постојаното менување на пазарот е единствениот начин да се преживее во една економија на која постојано и влијае следното големо нешто. Вие не треба да сте роб на трендови, но исто така не можете да ја држите главата во песок и да се надевате дека работите ќе се вратат во нормала. Наместо тоа, пронајдете креативни решенија за новите проблеми и иновациите на вашата организација ќе ве одведат во светла иднина.