Седум од 10-те најбогати имаат една заедничка точка

85

Веќе и врапчињата на гранките знаат кои се најбогати луѓе на планетата и како ги стекнале милијардите долари со коишто располагаат.

Седум од првите 10 најбогати на листата 500 најбогати на Bloomberg се занимаваат со технологија.

Прв е Џеф Безос, основачот на Amazon, којшто е најотпорен кризата што ја донесе пандемијата, а се мери со негативните ефекти што човештвото ги имало за време на Втората светска војна. Денес Безос може да се пофали со богатство од 187 милијарди долари, благодарение на пандемијата. Во декември лани, Безос имаше богатство од 110 милијарди долари.

Второто и третото место им припаѓа на Илон Маск, основач на Tesla и SpaceX, и Бил Гејтс, основач на Microsoft. Американскиот претприемач кој развива електрични автомобили сега располага со богатство од 140 милијарди долари, додека неговиот “колега“ од технолошкиот сектор, Гејтс, располага со 129 милијарди долари.

Четврти најбогат во светот е Французинот Бернард Арно, кој не е дел од технолошкиот свет, туку неговото богатство од 105 милијарди долари е благодарение на луксузни модни брендови.

Уште еден во низата технолошки гиганти што се во клубот на милијардери е основачот на Facebook, Марк Цукерберг. Неговото богатство, благодарение на Facebook, Instagram и WhatsApp, достигна вредност од 104 милијарди долари и е петти најбогат во светот.

Втората петорка ја комплетираат: Ворен Бафет, инвеститор во различни бизниси, Лери Пејџ, еден од основачите на Google, неговиот колега Сергеј Брин, Стив Балмер, еден од поранешните директори на Microsoft и Мукеш Амбани од енергетскиот сектор.

Фото: Freepik