Седум технолошки гиганти тежат 7,7 билиони долари

31

Технолошките гиганти  доминираат на берзите. Apple веќе е вреден над два билиони долари. Петте најголеми технолошки компании – Apple, Amazon, Microsoft, Alphabet, како и Facebook, веќе чинат вкупно над седум билиони долари, пишува CNN.

Ако на овој список се додадат Tesla и Netflix, тогаш вкупната пазарна капитализација на Величествената седумка од Nasdaq достигнува 7,7 билиони долари.

За да може да се замисли обемот, мора да се погледне во државниот индекс Russell 2000.

Компаниите во овој индекс, кои вклучуваат скоро 2.000 од помалите американски јавни компании, имаат вкупна пазарна капитализација од околу 1,9 билиони долари, според Refintiv.

Apple и Тesla, кои објавија дека планираат да ги поделат своите акции за да ги намалат нивните цени, тргуваат со рекордни достигнувања. Другите пет технолошки гиганти не се далеку од кршење на рекордите.

Сите седум компании кои го водат Nasdaq напредуваат  оваа година, и покрај глобалниот економски пад поради Ковид-19.

Фото : Freepik