СЕЕ Линк лансираше нова веб страница

3

see link

Веб страницата СЕЕ Линк ќе биде централното место преку коешто инвеститорите ќе можат да ги следат движењата на цените, индексите и другите информации значајни за донесување на одлука за инвестирање во хартии од вредност коишто се тргувани преку СЕЕ Линк платформата.

Новата веб страница на СЕЕ Линк, со нејзиниот дизајн прилагоден за лесно користење и прегледен распоред на содржината, овозможува брз и лесен пристап до основните информации на СЕЕ Линк. Истата е достапна преку поголем број на веб прелистувачи и уреди, вклучувајќи мобилни телефони и е дизајнирана да ги задоволи сите релевантни стандарди за пристапност.

СЕЕ Линк е заедничко друштво со седиште во Скопје основано во мај 2014 година од страна на Бугарската, Македонската и Загрепската берза. Главната цел на СЕЕ Линк е креирање на регионална инфраструктура за тргување со хартии од вредност котирани на овие три пазари. Трите берзи имаат подеднакво сопственичко учество во заедничкото друштво.