Бугарската медиумска куќа SeeNews стана медиумски партнер на регионалната платформа SEE Link.
SeeNews повеќе од 15 години обезбедува вести и анализи за компании, финансиски институции и професионалци во различни индустрии, покривајќи 11 земји од југоисточна Европа.
На SeeNews може да се најдат профили на компании, макроекономски извештаи и анализи за пазарите од регионот, како и истражувања за компании или организации што се заинтересирани за инвестирање во овој регион.