SEEUTechPark на глобална конференција во Брисел

21

6a0e8480-c6a3-4a8f-9513-46b026b16a2a

Научните паркови и областите за иновации играат важна улога во предводењето и спроведувањето на европските политики и идеи во нашите европски различни градови и региони. Како посреднички организации, Технолошките Паркови се вмрежуваат и комуницираат со кластери и бизнис инкубатори се со цел размножување на ефикасноста на овие политики на локално и национално ниво.

Овие беа некои од клучните прашања кои беа адресирани на конференцијата на Европскиот екосистем за иновации со тема: “Доброто управување и ефективна поддршка за паметна специјализација” организирана од страна на Комитетот на регионите и на Европската комисија, којашто се одржа во Брисел на 26 јануари. Меѓународната асоцијација на технолошки паркови и области на иновации (IASP), на кои SEEUTechPark (првиот Технолошки Парк во Македонија) е член, е нивен официјален партнер.

На настанот се вклучија учесници со цел да разменат знаења за ефективноста и поддршката на иновативното претприемништво на ниво на одредени области, во контекст на спроведувањето на стратегии за паметна специјализација, во која беа вклучени истражувањата на интрарегионалното владеење за успешноста на Европскиот екосистем за иновации, како и на квалитетот и ефикасноста на давателите на услуги за поддршка на бизнисите.

Соработка помеѓу технолошки паркови и кластери

Претседателот на IASP Жан-Франсоа Балдучи (Атланпол, Франција) се приклучи на интерактивниот панел за дискусија на регионалните модели со управување за промена на економските услови, додека IASP одржа посебна седница фокусирана на придобивките на интеракцијата помеѓу технолошките паркови и кластери.

Панелистите разговараа и за тоа како интеракцијата помеѓу кластерите и технолошките паркови стимулира раст, го поттикнува протокот на знаење меѓу универзитетите и компаниите, и ја промовираа културата на креативност и иновативност. Учесниците истакнаа дека оваа интеракција може да ја подобри конкурентноста и да се олесни интернационализацијата на малите и средните претпријатија преку обезбедување пристап до глобалните мрежи.

Со генералниот директор на IASP – Луис Санз и Марк Патинсон од „Европската опсерваторија за соработка на кластери“, членовите на IASP од цела Европа ги споделија најдобрите практики на панелот заедно со претставници од неколку кластери. Важната улога на Технолошките Паркови и нивниот капацитет за да се подобри ефикасноста на кластерите и да се ориентираат нивните стратегии беше широко признат и истакнат.

Дел од говорниците на IASP беа Катрин Џонс, (NETPark, Обединетото Кралство), Џосеп Пике, (La Salle Technova, Шпанија), и Јари Лаулонен, (Joensuu Science Park, Финска).

Други официјални учесници во настанот беа „Европската бизнис мрежа“ (ЕБН), „Европската опсерваторија за соработка на кластери“ и „Европската асоцијација за истражување и асоцијацијата за технологија“ (EARTO).

Учесниците на конференцијата имаа можност да проследат и неколку високи претставници на ЕУ, вклучувајќи го и Комесарот за истражување, наука и иновации Карлос Моедас; Претседателот на Европскиот комитет за регионите Марку Маркула; Претседателот на Европскиот комитет за регионите Јоми Ренсторм; Потпретседателот на Европскиот парламент, Рамон Луис Валкарел Сисо и Шефот на кабинетот на комесарот за регионален и урбански развој Никола Де Микелис.