Секое 10-то дете во светот е принудено да работи

15

Детскиот труд е во пораст првпат по 20 години, а податоците покажуваат дека секое 10-то дете во светот е принудено да работи, додека милиони би можеле да бидат присилени да работат поради пандемијата, предупредува Организацијата на обединетите нации.

Бројот на деца кои се принудени да работат се зголеми на 160 милиони од 152 милиони во 2016 година, а најголем пораст има во Африка поради раст на населението, соопштија Меѓународната организација на трудот и UNICEF.

“Назадуваме во борбата против искористување на детскиот труд, а минатата година таа борба не беше воопшто лесна“, смета Хенриета Фора, извршна директорка на UNICEF, пред Светскиот ден на борба против детскиот труд, што се одбележува на 12-ти јуни.

“Сега, кога влеговме во втората година од пандемијата, што подразбира затворање на економиите, училиштата, проблеми во економиите и намалување на националните буџети, семејствата се принудени да донесат тешки одлуки“, додала таа.

Обединетите нации 2021 ја прогласија за Меѓународна година за укинување на детскиот труд, истакнувајќи дека е важно да се преземат итни мерки за да се оствари целта за целосно искоренување на детскиот труд од 2025 година.

Но, голем напредок е остварен по 2000 година, кога работеле 246 милиони деца, за да се дојде до ситуација на крајот на 2022-ра да работат 206 милиони деца, ако владите не воведат построги мерки и не ги заштитат најранливите.

Се нагласува дека е зголемен бројот на деца кои работат, а се на возраст меѓу пет и 11 години, како и бројот на деца кои се принудени да работат опасни работи по нивното здравје и безбедност.

Фото: Freepik