Секогаш носам заштитен шлем кога возам мотоцикл – порака на кампањата Јас внимавам на Окта

25

img_9365

Секогаш носам заштитен шлем кога возам мотоцикл е пораката што со најновата активност ја испраќа кампањата Јас внимавам посветена на поголема безбедност во сообраќајот, што компанијата Окта со поддршка на МВР ја започна годинава, стои во соопштението.

Апелот за поголема свесност за почитување на ова правило беше пренесен со контрола на мотоциклисти по случаен избор, при што оние што носеа заштитен шлем беа наградувани со вредносни ваучери за гориво од Окта. Сите возачи беа потсетувани на податокот дека носењето заштитен шлем при возење мотоцикл го намалува ризикот од фатални последици за 40%, а ризикот од сериозни повреди дури за 70%.

Контролата за почитување на ова сообраќајно правило беше спроведена од претставници на Министерството за внатрешни работи.

Вниманието на јавноста, посебно на мотоциклистите, за почитување на правилото за носење заштитен шлем, овој пат е предизвикано од Ленин Јовановски, познат и искусен мотоциклист кој ја даде својата поддршка за кампањата и со тоа придонесе за поголем ефект и успешност.

“Со зголемување на бројот на мотоциклисти како активни учесници во сообраќајот, сè почесто се случуваат незгоди каде што тие се чести жртви и немањето заштитен шлем значително ги зголемува повредите. Почитувањето на сообраќајните правила придонесува за избегнување на незгодите, а шлемот овозможува голема заштита при евентуални незгоди. Покрај законската обврска за носење заштитен шлем, оваа кампања е единствената што сериозно се свртува кон потребата за себезаштита на мотоциклистите, што заедно со целосната комуникација и начинот на кој влијае за зголемување на свесноста, е причината да ја дадам својата поддршка“, изјави Ленин Јовановски.

Кампањата Јас внимавам во досегашните активности, заедно со своите поддржувачи повика на поголема свесност за безбедноста на сите учесници во сообраќајот и почитување на најчесто прекршуваните сообраќајни правила и прописи, како носење заштитен појас, забрането возење под дејство на алкохол, прилагодување на брзината пропишана на патот, возење на обележана велосипедска патека. Преку кампањата беа донирани и сообраќајни полигони во повеќе основни училишта ширум земјава, а со оваа активност ќе се продолжи и по почетокот на новата училишна година.