Секој би сакал да живее во некоја од најбогатите земји во светот

151

Секој од нас би сакал да живее во земја што е богата, што располага со различни ресурси, има добри услови за работа и квалитетен начин на живот. Освен преку вредноста на бруто домашниот производ, една земја може да се рангира и според бруто националниот доход на населението.

Според овој параметар, World Atlas направи листа на најбогати земји во светот:

Макао, Кина (123.290 долари)

Оваа поранешна португалска колонија денес претставува специјален административен регион, којшто својата економија ја финансира преку бројни казина и извоз на облека.

Катар (94.170 долари)

Станува збор за независен емират лоциран на западното крајбрежје на Персискиот залив. Својата економска моќ, Катар ја базира на експлоатација и производство на нафта.

Сингапур (92.020 долари)

Градот држава лоциран во Малезија, Сингапур, има економија што својот раст го базира на производство и силен услужен сектор.

Луксембург (77.570 долари)

Иако има само 600.000 жители, Луксембург има големо богатство. Најголем дел од тоа се базира на финансискиот сектор, но има развиени и други сектори, како што се ИТ, логистика, здравствени технологии, биотехнологија и слично.

Швајцарија (72.390 долари)

Уште една мала европска земја, но економски силна и моќна. Швајцарија има силен банкарски сектор, но бележи и голем раст во фармацевтска, електронска, хемиска и други индустрии.

Фото: Pixabay