Секој четврти жител во светот може и да не добие вакцина против Ковид-19

38

Скоро секое четврто лице во светот можеби нема да добие вакцина против коронавирусот до 2022-ра година, бидејќи богатите земји со помалку од 15% од светската популација резервирале 51% од вакцините, покажува американска студија.

Тоа значи дека остатокот од вакцините ќе мора да се “поделат“ на земјите со ниски и средни приходи, во коишто живеат над 85% од светската популација. Експертите порачуваат дека ефикасен одговор на пандемијата бара земјите со висок доход да учествуваат во праведна дистрибуција на вакцина ширум светот.

Во студијата се наведува дека од 15-ти ноември, земјите со висок доход однапред нарачаа скоро 7,5 милијарди дози вакцини од 13 производители, а меѓу нив се: Јапонија, Австрија и Канада, кои заедно имаат повеќе од милијарда дози.

Фото: Freepik