Секој трет во ЕУ студира економија или право

72

Во текот на 2018-та година, во Европската унија имало скоро четири милиони дипломирани студенти. Скоро една третина од нив (24,6%) студирале економија, администрација или право. На второ место се најдоа дипломираните студенти по инженерство, градежништво и производство (15,2%), медицина (13,7%) и образование (10,3%), покажуваат податоците на Eurostat.

Податоците покажуваат дека три петтини (57,7%) од сите дипломирани студени во 2018-та година, биле жени.

Франција е земја од ЕУ со најголем број на дипломирани студенти (796.000), по што следат: Германија (565.000), Полска (470.000) и Шпанија (461.000).

Од дипломираните студенти по економија или прави, под 20% има во Шведска, Италија, Финска и Шпанија, додека највисок процент држат: Франција (34,3%), Кипар (39%) и Луксембург (42,5%).

За инженерските науки помал интерес има во Луксембург, Холандија, Ирска и Малта, додека најмногу дипломирани студенти од таа струка има во: Литванија (19,4%), Португалија (19,6%), Австрија (20,6%) и Германија (21,4%).

Фото: Freepik