Секоја трета компанија ја забрзува дигитализацијата поради пандемијата

43

Иако поради пандемијата многу бизниси се соочуваат со сериозни ризици, над 55% од компаниите во Србија што се надвор од ИТ секторот, во овој период не се откажале од започнатиот процес на дигитална трансформација, додека секоја трета компанија ги забрзува процесите за дигитализирање, покажуваат податоците на Иницијатива дигитална Србија.

“Значајно е тоа што еден дел од традиционалните компании се насочуваат кон иновативни проекти во услови на криза, но во исто време е важно што за дигитализација не размислуваме како одговор на вонредните услови. Многу дигитални решенија се своевиден спас во претходните месеци. Тие беа и претходно присутни, но оваа ситуација треба да ни покаже дека дигиталната трансформација може да има подолгорочен ефект и воведените решение што се воведени буквално преку ноќ за да се обезбеди континуитет во работата, ќе бидат присутни на долг рок“, смета Петар Јовановиќ, член на Управниот одбор на Иницијатива дигитална Србија.

Иако забрзувањето најмногу доаѓа како одговор на кризата, важно е да се истакне дека 80% од испитаниците сметаат дека дигиталната технологија ја менува нивната индустрија умерено или интензивно, како и 70% од традиционалните компании во овој момент планираат да воведат нови проекти во доменот на дигиталната трансформација – најмногу во делот на развој на нови дигитални производи, а потоа и соработка со стартапи и други иновативни компании, унапредување на корисничкото искуство или усовршување на постоечките дигитални производи.

Фото: Freepik