Секоја трета странска компанија во Црна Гора во сопственост на Руси

27

crna gora rusi

Од вкупниот број на деловни субјекти во Црна Гора во 2013 година, 9% се во странска сопственост, додека од нив најголем дел се на руски државјани, покажуваат податоците на црногорскиот завод за статистика.

Значаен број од компаниите, чии основачи не се државјани од Црна Гора, се наоѓаат во Будва – 22,3%, во Бар 17,6% и во Херцег Нови тој процент е 8,6.

Најголем процент, односно 32,4% отпаѓаат на Русија, потоа следат сопственици од Србија со 28% и Босна и Херцеговина со 4,5%.

Најатрактивни дејности за странските сопственици во Црна Гора се секторите на трговија на големо и мало и поправки на возила со 25,2%, во градежништвото со 18,4% и во тргување со недвижнини со 12,5%.