Семејството Коч најголем даночен обврзник во Турција

204

Koc-familyСопствениците на една од најголемите и најуспешни компании во Турција, Коч Холдинг, се најголемите даночни обврзници во земјата, пишува Заман.

Според листата на турските даночни власти, на првите шест позиции се најдоа сите членови на семејството Коч. Рахми Коч, почесен претседател на Коч Холдингот, платил 12.871.312 евра данок на државата, додека целото негово семејство за 2013-та година кон даночните власти платиле 41.188.200 евра.

На седмото место, според големината на даночни обврзници, се најде Шарик Тара, почесен претседател на градежната компанија Енка Холдинг, кој во 2013-та година по основ на даноци платил 5.148.525 евра.

Според турските даночни власти, во 2013-та година биле поднесени 1.860.818 пријави за данок на доход и 1.232.067 за данок на добивка. Само во Истанбул, лани биле поднесени половина милиони даночни обврзници, што е една четвртина од вкупните пријави за годината. По Истанбул, според поднесени даночни пријави, следат Анкара и Измир.