Семинар на тема Социјални и работнички права во време на економска криза

21

“Социјални и работнички права во време на економска криза“ е насловен семинарот што од денеска до 11-ти мај ќе се одржи во организација на Центарот за истражување и креирање политики.

Семинарот се одржува во рамки на Регионалната академија за демократија во која членуваат седум невладини организации заедно формирајќи ја мрежата на политички школи, кои работат под покровителство на Советот на Европа.

За време на семинарот, предвидени се предавања и обраќања на врвни експерти од земјата и регионот од областа на заштитата на човековите и работничките права.

Семинарот преставува можност да се чујат размислувањата и ставовите поврзани со степенот на заштита на работничките права во Република Македонија и на Балканот, исполнувањето на критериумите од концептот “Пристојна работа (МОТ)“, правецот на реформи и предизивиците поврзани со социјалната заштита и работничките права, вклучувањето на ранливите групи на пазарот на трудот, како и намалување на родовиот јаз во однос на платите.

Воедно, семинарот се одржува во рамки на програмата Човекови и малцински права.