Семос Едукација со предизвик за сите IT професионалци и програмери во Македонија

110

DSC_0408

Семос Едукација, единствениот Microsoft Gold Partner for Learning Solutions во Македонија понуди интересен предизвик за сите IT професионалци и програмери во Македонија, се вели во соопштението.

Семос Едукација од 24-29 септември годинава, организираше натпревари како дел од интернационалниот LLPA натпревар за избор на најдобриот програмер и IT професионалец во Македонија. Ивана Стефаноска и Александар Бојковски ќе се натпреваруваат во големото финале со финалисти од 22 земји од регионот на Европа, Средниот Исток и Африка (Австрија, Белгија, Бугарија, Данска, Финска, Чешка, Унгарија, Исланд, Италија, Македонија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Русија, Словачка, Словенија, Шпанија, Јужна Африка, Швајцарија, Турска и Хрватска). Двајцата победници од големото финале како награда ќе присуствуваат на најголемата светска IT конференција Microsoft Ignite 2016 со покриени трошоци за котизација, превоз и сместување.

Над 200 IT професионалци и IT програмери од Македонија учествуваа на натпреварот. Тие одговараа на два посебни теста од по 20 прашања кои се одговараа за 5 минути. Двајцата победници, едниот IT професионалец и другиот IT програмер беа избрани на принцип најмногу точни одговори за најкратко време.

“Тестот беше на високо ниво и бараше познавање на голем број технологии на Microsoft како: Windows Server, System Center, Hyper-V, PowerShell, Cisco, Vmware, мрежна конфигурација и сл. Во исто време беше потребна и висока концентрација и брзо размислување. Немаше време за анализи на прашањата, туку само нивно брзо читање и моментално одговарање”, појасни Александар Бојковски, дипломиран инженер по електротехника и информатички технологии, победник во категоријата најдобар IT професионалец.

“Мотивот за учество на натпреварот беше да се излезе надвор од секојдневните работни обврски, а исто така вистински предизвик беше и да се учествува на интернационален натпревар во организација на Семос Едукација. Би било скромно да не спомнам дека дополнителен мотив секако беше и наградата за патување на Microsoft Ignite 2016 во Чикаго“, изјави Ивана Стефаноска, победник во категоријата Најдобар програмер, вработена во Комерцијална Банка.

Освен можност да ја освојат престижната награда за учество на Microsoft Ignite 2016, најдобрите македонски IT професионалец и IT програмер добиваат бесплатен Microsoft курс по избор во Семос Едукација.

LLPA (Leading Learning Partner Association) е здружение на 24-те најдобри тренинг центри од ЕМЕА (Европа, Среден Исток и Африка) регионот. Семос Едукација е горд член на мрежата на најголемите тренинг центри, која во ова здружение ја претставува Македонија.