Серија направи туристички бум во Чернобил

18

Фото: Pixabay

Мини серијата на HBO посветена на големата нуклеарна катастрофа во Чернобил го зголеми бројот на туристи кои сакаат да ја посетат електраната и градот на духовите во нејзина близина, пишува Reuters.

Туристичка агенција од Чернобил бележи 40% раст на резервациите од почетокот на прикажување на серијата, што започна во мај.

Една обиколка на Чернобил со водич на англиски јазик чини околу 100 долари по лице.

Во април оваа година е обележана 33-годишнина од катастрофата во Чернобил, предизвикана од неисправен тест за безбедност во четвртиот реактор на нуклеарката. Облаци со нуклеарен отпад се надвиснаа над голем дел од Европа.

Мини серијата на НВО прикажува што се случувало по експлозијата, операцијата за чистење на контаминираното подрачје и истрага на несреќата.