Шанзелизе со 250 милиони евра ќе се трансформира во парк

174

Најпознатата авенија во Париз, Шанзелизе, во следните години ќе биде претворен во парк, преку проект вреден 250 милиони евра.

Најпрестижната и најширока авенија во Париз, позната по луксузни продавници и кафулиња, е едно од главните обележја на градот на светлината. Деловните објекти што се издаваат на оваа улица достигнуваат вредност и до 1,25 милиони евра годишно за 100 метри квадратни.

Но, како што пренесува Euronews, градските власти одлучија оваа улица да ја претворат во голема зелена површина.

Градоначалничката на Париз, Ана Хидалго, неодамна објави дека веќе подолго време работи на планови за пренамена на овој простор во парки, бидејќи Шанзелизе го изгуби својот шарм и “почна да личи на автопат“.

Трансформацијата на најпознатата авенија во Франција во парк ќе оди етапно. Рокот за нивно завршување се очекува за 2024 година пред почетокот на Олимписките игри.

Фото: Freepik