Шефот на Daimler лани заработи скоро шест милиони евра

29

Секој кој контролира гигантска корпорација како што е Daimler обично може да смета на пристојна заработка. Во најдобрите години, шефовите на Mercedes заработува и по 10 милиони евра годишно, но во 2019-та година групацијата се соочи со пад на добивката поради Dieselgate, што се рефлектираше врз заработката на извршниот директор Ола Калениус.

И покрај кризата што ја предизвика пандемијата, сепак групацијата закрепнува, а за оваа година најавила раст на добивката. Нето добивката за 2020 година е зголемена за 48% на четири милијарди евра, што значително ќе ја зголеми заработката и на Калениус, пишува DPA.

Според годишните финансиски извештаи на Daimler, Швеѓанецот во 2020 година добил 5,9 милиони евра, а една година претходно платата му била само 3,5 милиони евра, што е 300.000 евра помалку од неговиот претходни Дитер Зеч, кој се повлекол во јули 2019 година.

Неговите седум колеги кои ја сочинуваат Управата, исто така, имале солидна заработка, што надминува три милиони евра. Надоместоците на целиот одбор изнесуваат 26,7 милиони евра во 2020 година, а една година претходно 23,1 милион евра.

Фото: Pexels