Шеик oд Абу Даби ќе гради хотел на Копаоник

35

kopaonik

Шеикот Мухамед би Зајед ал Нахјан ќе градо хотел на Копаоник, пишува српски Блиц.

Отворањето на овој луксузен комплекс е планирано за на есен 2017 година.

“Барањето за изградба е предадено на крајот на август, бидејќи архитектите до тој момент внимателно го осмислуваа секој детаљ на овој комплекс. Со оглед на тоа дека пристигнаа дозволите, работите ќе започнат на 15-ти септември“, вели извор на Блиц.

Бидејќи градежната сезона завршува на почетокот на декември, изградбата ќе биде паузирана до пролет, а потоа работите ќе започнат со полна пареа.

“Во март ќе се продолжи со забрзано темпо, па на есен 2017 година ќе го добиеме еден од најубавите хотелите на овие простори“, додава изворот на Блиц.

Поранешниот хотел Југобанка, кој шеикот од Абу Даби лично го купи од Владата на Србија, нема да биде изграден како резиденција, туку ќе биде отворен за гости.