Shellworks – машини што прават еколошки материјал од остатоци од морска храна

74

Фото: Shellworks

Четворица дизајнери развија неколку машини коишто отпадот од морската храна го претвораат во биогразградлива пластика, пишува Dezeen.

Проектот е наречен Shellworks, а има за цел да ги трансформира остатоците од школки и ракчиња во материјал што е сличен на хартија, што може да се користи како одржлива алтернатива на пластика за еднократна употреба.

Тие развија пет машини: Shelly, Sheety, Vaccy, Dippy и Drippy, коишто ги трансформираат школките во различни материјал, без да се користат адитиви што би можеле да влијаат на процесот на рециклирање на финалниот производ.