Вкупно 11 аеродроми од поранешна Југославија се најдоа меѓу 150-те најпрометни аеродроми во Европа, а од нив еден се најде меѓу првите 100.
Аеродромот во Белград е 89-ти најпрометен аеродром со 6.162.159 патници и 17.340 тони производи во текот на минатата година, покажуваат податоците од Меѓународниот совет на аеродроми на Европа, пренесува Exyuaviation. Загрепскиот аеродром е на 115-та позиција со 3,4 милиони патници и 12,6 тони товар. Воздушното пристаниште во Сплит е на 117-то место, по што следуваат: Дубровник (129), Приштина (136) и Скопје една позиција подолу. Аеродромот во Љубљана е на 151-во место.
Листата ја предводи аеродромот Heathrow во Лондон, Charles de Gaulle од Париз, како и аеродромите во Амстердам, Фракфурт, Мадрид и Барселона.
Фото: Pexels