Шимшек: Социјалните медиуми да отворат свои канцеларии во Турција

13

tviterКомпаниите сопственици на социјалните медиуми во Турција мора да отворат свои канцеларии и да плаќаат даноци, смета турскиот министер за финансии, Мехмет Шимшек, пренесува AP.

Не споменувајќи го Twitter директно, тој изјави дека социјалните медиуми кои немаат отворено свои физички канцеларии се затајувачи на даноци.

„Кога ќе ги погледнете договорите за двојно оданочување, странскиот даночен обврзник мора да има отворено канцеларија за да може да плати данок“, вели Шимшек.

Тој инсистира на тоа компаниите сопственици на социјалните медиуми да отворат свои претставништва во Турција.

„Доколку имаат добри намери, тие ќе отворат преставништво во нашата земја. Доколку пак намерите им се лоши, тие ќе одолговлекуваат и ќе размислуваат за алтернативи“, истакна турскиот министер за финансии.