Шкода поддржувач на Мавровскиот велосипедски маратон

21

foto naslovna

Во организација на велосипедскиот Клуб Енерџи – Скопје, националниот Парк Маврово и Општина Маврово – Ростуше, а поддржано од автомобилскиот бренд Шкода, на 16 јуни 2013 година ќе се одржи реномираниот Мавровски велосипедски маратон.

Натпреварувачите ќе возат на релација Маврово – Леуново – Сандакташ – Чавкарник – Лазарополе – Тресонче – Селце – Маврово или вкупно 93 км.

Истовремено истиот ден ќе се одржи и рекреативниот полумаратон, кој ќе се вози околу Мавровското Езеро. Стартните броеви ќе се доделуваат на 16.06.2013 од 07:30 до 08:30 часот, а натпреварувањето ќе биде спроведено согласно правилникот на Велосипедската Федерација на Македонија.

Шкода е поддржувач на велосипедизмот во Македонија и интернационално, како дел од новата GreenFuture стратегија, која има за цел производство на енергетски ефикасни возила и уште поефикасна употреба на ресурсите во рамките на компанијата, што индиректно придонесува и кон зачувување на животната средина. Целокупното производство на Шкода до 2018 година ќе се преструктуира, што ќе доведе до 25% помала потрошувачка на енергија и вода, помала емисија на јаглерод диоксид, како и производство на автомобилски делови кои во целост ќе може да се рециклираат.

Токму новата Шкода Octavia која неодамна пристигна во Македонија, и која има за 19% помала потрошувачка на гориво и емисија на издувни гасови во однос на предходниот модел, што претставува одлична заштеда, особено при долгите патувања, ќе биде официјалниот придружник на велосипедистите кои ќе учествуваат на ова натпреварување.

09