Шкотска забрани паркирање на тротоари

29

Паркирањето на тротоари e голем проблем на глобално ниво што меѓу другото ја загрозува и безбедноста на пешаците. Токму поради таа причина, во Шкотска повеќе нема да биде дозволено возилата да се паркираат на тротоари, пишува Tree Hugger.

Оваа е прва ваква забрана во Велика Британија и е еден вид на кулминација по децениската борба на добротворната организација Living Streets Scotland.

“Луѓето во инвалидски колички, родителите со мали деца и сите постари и изнемоштени жители ќе можат без пречки да се движат онаму каде што е безбедно – на тротоар“, вели Стујарт Хеј, директор на Living Streets Scotland.

Тој додава и дека со забраната ќе се заштедат и пари што се користеле за поправка на тротоари поради штета од возилата.

Единствен исклучок ќе бидат возилата за испорака на коишто ќе им биде дозволено да бидат паркирани на тротоар 20 минути.

Фото: Pixabay