Шпанија меѓу првите сака да го вакцинира населението

28

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, најави дека неговата земја и Германија, ќе бидат први во Европската унија со комплетиран план за вакцинирање на населението против коронавирусот.

Планот би требало да го потврди владата во Мадрид, на состанокот на министри, па после да биде претставен во јавноста. Првите пациенти би се вакцинирале од јануари до март следната година.

“Ќе се вакцинира значаен дел од населението“, рекол Санчез, но не го навел бројот на вакцини што неговата влада планира да ги купи.

Санчез рекол дека ЕУ потпишала три договори со фармацевтски компании, како што се AstraZeneca, Sanofi, Janssen и Pfizer околу испорака на милијарда дози, но таа бројка би се проширила. Се очекува и потпис на договор со компанијата CureVac, а во напредна фаза се и преговорите со Moderna околу испорака на дополнителни 400 милиони дози.

Шпанија би добила околу 10% од договорените дози.

Фото: Freepik