Шпанија со закон ќе ги штити работниците што доставуваат пратки

42

Шпанија одобри закон којшто на платформите за курирска испорака им дава рок до средината на август да ги пријават работниците кои работат за нив.

Тоа ќе се проверува со вештачка интелигенција којашто ќе се користи за управување со човечки ресурси.

Новиот закон што го усвои владејачката коалиција е последица од пресудата на највисокиот суд и е донесен кога во многу земји во Европа беше актуелизирана таканаречената “економија на повремена работа“.

Тој потег ги налути дигиталните компании и некои работници кои доставуваат храна, бидејќи сметаат дека им е подобро ако се самовработени.

Фото: Pexels