Шпанија: Вода со вкус на вино

27

Фото: Pixabay

Винарница од Шпанија создаде вода со вкус на вино, што на потрошувачите им овозможува да уживаат во вкусот на бело или црвено вино без да се плашат дека може да се напијат, пишува Odditycentral.

Овој пијалак го носи името Vida galaecia и е резултат на двегодишна соработка меѓу винарницата Likuido Galaecia и научници од државниот Универзитет за научни истражувања.

Водата има вкус на ниво, но не содржи алкохол и многу малку калории, што ја прави погодна за пиење во секое време. Иако рецептурата е добро чувана тајна, сепак во процесот на создавање се користи грозје и остатоци од процесот на производство на вино.

“Водата е збогатена со различни ароми од грозје, а тоа и претходно се покажа како многу успешна формула што нуди бројни здравствени бенефити. Пијалакот има позитивно влијание врз дијабетесот, а содржи и голем број антиоксиданси“, вели Кармен Мендез, доктор за биологија и истражување на Универзитетот.