Шпанска банка ја купува платформата на Wirecard

37

Шпанската банка Banco Santander стана нов сопственик на технологијата за плаќања на веќе пропадната Wirecard, најави стечајниот управник Мајкл Џеф, пренесува Ројтерс.

Banco Santander ќе ја преземе технолошката платформа во Европа за 100 милиони евра, како и целиот потребен имот. Во исто време, поголемиот дел од вработените во Wirecard во одделот за набавка и издавање ќе бидат дел од глобалниот тим на Santander. Ова се однесува и на поголемиот дел од вработените во Wirecard Bank, којашто ќе биде затворена по продажбата.

Ова се претпоставува дека ќе биде најдоброто решение за преостанатите 600 работници. Првиот состанок на доверителите на Wirecard е закажан за оваа недела.

Стечајниот управник на Wirecard има за цел да заработи што е можно повеќе пари за да надомести поголем дел од побарувањата на доверителите. Подружниците на Winecard во Бразил, Романија и САД се веќе продадени.

Инаку, германски Wirecard е платформа што обработуваше десетина милијарди евра трансакции по кредитни и дебитни картички на годишно нови. На средината на оваа година, компанијата се најде во центарот на јавноста поради тоа што беше објавено дека на сметки на компании недостасуваат скоо две милијарди долари.

Фото: Twitter