Шпанската економија во плус во третиот квартал

76

Шпанската економија закрепна во третиот квартал од оваа година од тешките последици што ги предизвика пандемијата, но растот бил нешто послаб од првобитните проценки.

Бруто домашниот производ во третото тримесечје се зголеми за 16,4% во однос на претходните три месеци. Првичните проценки се однесуваа на раст од 16,7%.

Во вториот квартал економијата се намали за 17,9%.

Сите елементи на бруто домашниот производ имаа позитивен придонес во период од јули до септември. Во истиот период извозот се зголеми за 30, а увозот за 27%.

Фото: Freepik