Шпански Glovo ја презема словенечка Ehrana

28

Glovo, еден од водечките брендови за достава, објави дека постигна договор за преземање на словенечката компанија за достава Ehrana, но не се знае цената по којашто е реализирана трансакцијата.

Се очекува спојувањето да биде завршено во следните неколку месеци.

Платформата, со седиште во Барселона, којашто испорачува од храна до фармацевтски произвoди, ја шири својата присутност во централна и источна Европа, успевајќи да собере 450 милиони евра, што е најголем износ во историјата на шпанскиот старт – ап. На почетокот на оваа година, Glovo склучи партнерство од 100 милиони евра со компанијата за недвижнини Stoneweg, за да ја прошири својата мрежа на продавници посветени само на испорака.

Фото: Facebook