Шпаркасе банка постави банкомат за уплата

45

sparkase-banka Шпаркасе Банка го претстави новиот модел на банкомат кој овозможува граѓаните да добијат голем број услуги кои ги добиваат и во една експозитура.
Клиентите на Банката преку новиот банкомат ќе можат да уплатат на трансакциска сметка поврзана со дебитна картичка, долг по кредитна картичка на Шпаркасе Банка, уплата на дневен пазар на трансакциска сметка поврзана со бизнис дебитна картичка за правни лица, како и подигнување готовина.
Од Банката најавија дека новите банкомати ќе ја овозможат и услугата менување странска валута евра во денари, за износи до 500 евра.
Банкоматот овозможува брза услуга 24 часа, како и реализација на налозите без провизија.
Услугата е достапна на банкоматите во централата на Банката во Скопје, а ќе се шири и на другите банкомати во Скопје и земјава.
Претседателот на УО на Шпаркасе Глигор Бишев истакна дека новите производи и услуги ќе може да се користат на сите банкомати во 10-те земји каде е присутна Ерсте банка.
Банката ја промовираше и софтверската апликација С-Токен, која служи за идентификација на корисникот преку мобилен телефон за најава и верификување на плаќањата во системот за електронско банкарство НетБанкинг за физички лица.