Google ја објави листата на најпреземани апликации, филмови, ТВ шоуа и книги на Play Store.
Гласањето беше извршено од страна на корисниците на платформата. Call оf Duty: Mobile е одбрана за најпопуларна видео игра, додека за најсподелувана апликација е рангирана GlitchCam, која што прави стилски ефекти од 90-тите на видеата.
Омилен филм е Avengers: Endgame, додека за најдобра книга е прогласена Scary Stories to Tell in the Dark, пишува Engadget.
Уредниците на Play store, за апликација на годината ја одбраа Ablo, којашто овозможува истражување на странски култури и поврзување на луѓето без разлика на јазичните бариери.
Пет најпродавани филмови се холивудските серијали за супер херои, додека најпреземано ТВ шоу е прогласено Game of Thrones. Најчитаните е-книги вклучуваа наслови од Стивен Кинг и Џејмс С. А. Кори.
Фото: Facebook