Што е affiliate marketing?

72

Affiliate marketing претставува онлајн верзија на вообичаената продажба, којашто има три основни компоненти: производ или услуга што се продава; трговец што го нуди производот или услугата и affiliate (партнер) кој од продажбата добива одреден процент во форма на провизија.

Со други зборови, affiliate marketing е промоција на туѓ производ со цел остварување на заработка. Партнерите (affiliate) заработуваат провизија од секоја продажба што е направена благодарение на нивната активност.

Овој сегмент од маркетингот, трговецот го наградува партнерот за секој посетител што е добиен преку неговите (affiliates) партнери и кои направи одредена активности (купиле производ, станале претплатник и слично).

Па така, affiliate marketing на некоја интернет страница се одвива на овој начин: на интернет страницата на партнерот се поставува линк што води до страната на трговецот; преку тој линк посетителот онлајн ќе го порача производот, а affiliate (интернет страницата) ќе добие провизија што зависи од вредноста на купениот производ или услуга. Самото поставување на линк на интернет страницата, не носи ништо, освен ако не е извршено онлајн купување на производот. Овие линкови им овозможуваат на трговците да следат од каде им доаѓаат купувачите и на едноставен начин да ги идентификуваат партнерите што им довеле купувачи на нивната страна.

Успехот на affiliate-от зависи од три фактори: број на посети на сајтот; колку од посетителите ќе ги испратите на страницата на трговецот и колку од нив ќе го купат производот или услугата.

Фото: Pixabay