Бихевиористичка економија е една од најмладите економски гранки, што интензивно се развива во последните 15 години. Таа претставува комбинација од економија и други општествени науки што го објаснуваат човековото однесување.
Според традиционалната економија, човекот е совршен пазар актер, којшто ги има сите информации и одлично се снаоѓа со сите пресметки, за да ја донесе најдобрата одлука. Бихевиористичката економија во центарот го става обичниот човек, со ограничено внимание, кој најчесто нема пристап до сите информации, туку ги обработува оние коишто ги смета за најрелевантни. Поради тоа, неговите одлуки не се секогаш оптимални и рационални.
Постојат многу истражувања за тоа како поединецот ги донесува одлуките. Ако се носат со помош на рационално размислување, во тој случај станува збор за избирање на онаа опција со највисока очекувана вредност.
Луѓето со многу помалку рационални од она што го претпоставува традиционалната економија. Од друга страна, ирационалното однесување, пак, не е случајно или бесмислено. Затоа, оваа економија ги опфаќа сите претпоставки за нашето (не)импулсивно однесување кога станува збор за носење некоја важна одлука.
Фото: Pexels