Фото: Pixabay
Co-marketing значи една компанија да направи партнерство со друга со цел да се промовираат услуги на двете компании преку мешан извор на ресурси. На пример во индустријата на телекомуникации овој пристап се користи со години.
Кај телекомуникациските компании нивните главни co-marketing партнери нудат стриминг услуги чии производи одговараат на целите на компаниите за телекомуникација, односно придонесуваат за подобра продажба на нивните сопствени производи (мобилни податоци).
Во овој случај Coworking-от работи на следниот начин:
- Провајдери на стриминг услуги им даваат попусти на корисниците на телекомуникациските услуги
- Телекомуникациските компании прават пакети на производите со попуст со нивни производи
- Телекомуникациските компании промовираат понуда до нивните корисници преку нивните маркетинг канали
- Корисниците го купуваат спакуваниот производ и добиваат пристап на стриминг услуга
Постојат различни модели што се користат на овој начин, од проста препродажба на услугата од телекомуникациските компании, до покомплексни договори каде корисниците добиваат понуди со попуст во каналите на телекомуникациската компанија или се промовирани во трговските услуги за корисниците на таа телекомуникациска компанија.
Co-marketing-от успешно работи помеѓу телекомуникациските компании и стриминг услугите бидејќи едната страна има можност да допре локални корисници додека другата страна има атрактивна услуга која може да се користи да се поттикнат тие корисници.
Co-marketing партнерства исто така може да се воспостават помеѓу партнери кои не се дел од дигиталната индустрија. Вашата услуга може да биде поврзана со карта за лојалност од локална продавница или поврзана со програма за лојалност на вработени кај најголемите вработувачи во земјата.
Се разбира има и трошоци поврзани co-marketing-от. Корисниците треба да бидат поттикнати со попусти или бесплатни тестови за партнерската компанија да има мотивација за соработка.
Исто така партнерската компанијата треба да си ја знае својата “публика“ и да се потруди да стигне до неа.
Клучот за успехот е да се најде производ/услуга што сосема ќе одговара на она што го нуди вашата компанија и истовремено нема да претставува конкуренција. Само на тој начин ќе се воспостави заемна соработка што сигурно ќе вложи со плод за двете засегнати страни.