Што е compliance?

209

Под поимот compliance се подразбира систем на усогласување со прописи и процедури, а коишто ѝ помагаат на компанијата да ги следи трендовите и законските рамки и да и имплементира во своето работење.

Меѓу областите во коишто најчесто е неопходно compliance може да бидат: заштита на лични податоци, контрола на квалитет, спречување судир на интереси, заштита на конкуренција, мобинг, заштита на животната средина, спречување перење на пари и финансирање тероризам…

Големите компании, за да можат да бидат ускладени, имаат посебни сектори коишто се грижат за усогласеноста со сите законски прописи и екстерни и интерни процедури и како оди нивната имплементација. Тие изработуваат правилници што ги споделуваат со сите вработени, кои пак се обврзани да ги почитуваат и да работат согласно пропишаните стандарди. За одредени измени, новитети и слично, се прават обуки и работилници на кои се информираат вработените за новиот стандард и нивно прилагодување кон него.

Една од главните цели на compliance е да го одржува имиџот на компанијата, да се грижи за вработените, за животната средина и за усогласување со регулативите.

Фото: Pixabay