Ако секој последен петок во ноември е Black Friday, тогаш првиот понеделник по американскиот празник – Ден на благодарноста, е Cyber Monday.
Овој ден не е познат по тоа што технолошките компании нудат распродажба, туку своето име го добива по фактот дека тој ден може да се купува само преку интернет.
Компаниите во САД забележале дека онлајн продажбата достигнува нови рекорди во понеделникот по Денот на благодарноста, што се празнува секој последен четврток во ноември, и за време на Black Friday, еден ден по Денот на благодарноста. Можеби купувачите пропуштиле некој производ во текот на Black Friday, па почнуваат да го пребаруваат на интернет во понеделник. Без оглед на причината, тој понеделник за брзо време станува Cyber Monday.
Во 2017 година, онлајн продажбата во текот на Cyber Monday достигна 6,6 милијарди долари.
Cyber Monday нуди една голема предност во однос на Black Friday, иако голем е бројот на трговци кои нудат голем попусти и онлајн, а тоа пазарење од удобната фотелја во домашна атмосфера.
Овој ден секако дека технолошките производи добиваат на значење и големи попусти, статистиките покажуваат дека голема онлајн продажба имаат и козметички брендови, пакет туристички аранжмани, спортска опрема, мебел…
Онлајн продажбата зема сè поголем замав во светски рамки, а и нашата земја не е имуна на таа промена којашто ги менува навиките на купувачите.
Фото: Pixabay