Што е фиктивен капитал?

247

Фиктивен капитал е капиталот што ce јавува во форма на хартии од вредност (акции, обврзници и сл.), коишто на нивните сопственици им донесуваат определен приход во вид на дивиденда или интерес (камата) и ce наоѓа надвор од функционирањето на реалниот капитал (т.е. капиталот на акционерското претпријатие). Капиталот на акционерското претпријатие е вложен во факторите за стопанисување и тој е реален капитал. Toj ce оплодува и создава профит.

Поседувањето, пак, на извесен број акции (или други хартии од вредност) привидно изгледа како да ce поседува извесна сума капитал. Ce создава впечаток дека тој единствен акционерски капитал да е удвоен. Меѓутоа, акциите ce нереален, фиктивен капитал. Всушност, акциите ce потврди за вложените пари (капитал) во акционерското претпријатие, коишто на нивните сопственици им обезбедуваат право на учество во распределбата на профитот, т. е. добивање дивиденда.

Привидот дека акциите претставуваат капитал произлегува од фактот што акциите ce продаваат и купуваат на ефектните берзи. Во зависност од висината на дивидендата и интересната стапка, ce формира пазарната цена на акциите. Според создадената пазарна состојба, секој приход може да ce капитализира и врз основа на тоа да донесува приход и секој приход изгледа како да потекнува од некој капитал, пa кога ce продава изворот на приходот, преку остварениот капитал од таа трансакција ce задржува натаму постојаниот приход. Според тоа, цената на акцијата претставува капитализирана дивиденда.

Co продавањето и купувањето на акциите на соодветните пазари само ce врши пренос на правото за добивање дивиденда или интерес. За обврзниците (коишто претставуваат долг на државата) јасно ce гледа дека ce фиктивен, т. е. нереален капитал. Co собраните пари од продадените обврзници, државата ги покрива своите расходи. Од даночните извори државата го плаќа интересот и ги отплатува обврзниците. Меѓутоа, кај сопствениците на обврзниците постои илузија дека обврзниците во нивните раце претставуваат некој износ на капитал и дека интересот што го добиваат резултира од некој капитал (а, всушност, потекнува од данокот што го плаќаат даночните обврзници).

Фото: Pexels