FMCG е кратенка што на трговците не им е непозната, а се однесува на производи за широка потрошувачка или (Fast moving consumer goods).
Инаку, се верува дека оваа индустрија е една од оние со највисока заработка, а ја опфаќа трговијата со сите оние производи што на потрошувачите им се потребни секојдневно, како што се, на пример, храна и пијалаци, средства за лична хигиена и средства за чистење.
Сите оние компании што се занимаваат со трговија на производи од ваков тип треба да знаат дека тоа треба да го прават брзо и едноставно, на секое место и во секое време. Продажбата на овие производи не е временски ограничена, ниту пак зависи од сезоната. Јасен е ставот дека на луѓето во секој момент им е потребна храна, но и различни видови на средства за ја одржуваат личната и хигиената во просторот каде што се наоѓаат.
Основните принципи на модерната MFCG индустрија се:
- Минимизирање на трошоците, ресурсите и времето на обрт (пари – стока – пари).
- Максимизирање на квалитетот на производот и услугата што се нудат
- Максимизирање на профитот , пазарното учество, искористеност на потенцијалите
- Градење силна врска со купувачите и добавувачите
- Потребите на потрошувачите треба секогаш да бидат во фокус на трговците во оваа индустрија
Една од најважните карактеристики што ги имаат компаниите што се дистрибутери на ваков вид на производи, на пример Ferrero, Nestle, P&G, е дисциплината. За нив е важна добрата организација, строга хиерархија во процесот на раководење, аналитичко поставување на цели, планирање, контрола, логистика, мониторинг, анализа на можни загуби и ризици и слично.
Процесот на дистрибуција е исклучително важен, но никогаш не оди “сам“, туку предвид ја зема и грижата за клиентите, нивното задоволство, како и имплементирање на нови техники во продажбата. Овој пристап ја покажува софистицираноста на компаниите и начинот на којшто го градат својот однос во бизнисот.
Фото: Pixabay