Што е gig економија?

460

Дали некогаш сте го сретнале овој поим gig економија и дали знаете што значи? Станува збор за релативно нов поим што датира од 2009-та година, кога економската криза го достигна својот врв и забележа рекордно висока невработеност. Gig како поим може да се преведе како музичка “тезга“.

Во суштина ги опфаќа сите компании, што за извршување на одредени активности, вработуваат независни експерти или фриленсери на одредено пократко време. Таквиот начин на вработување добива на поголема популарност, бидејќи работната сила станува помобилна, работата може да се заврши од било кое место, а вработените може да бираат привремено вработување или ангажирање на проекти ширум светот.

Кон ваков хонорарен начин на работа, прибегнуваат не само оние чија работа го дозволува тоа, туку и оние кои се вработени, но нивната плата не им е доволна за да преживеат.

За да расте gig економијата, свој придонес има и растот на дигиталните платформи, коишто поттикнаa своевидна револуција на пазарот на труд којшто веќе не може на сите да им гарантира стабилно работно време од осум до четири или од девет до пет. Uber може да послужи како пример за платформа што ангажира работна сила на таков начин, односно изнајмува возачи без традиционални услови што би ги имале во некоја регуларна такси компанија.

Факт е дека пазарот на труд се менува многу брзо и работниците не можат да ја обезбедат потребната заштита. Голем број луѓе се принудени да се вработуваат преку платформи што пружаат било каква заработка, којашто често може да биде несигурна.

Податоците покажуваат дека уделот на луѓе кои работат на “алтернативни“ работни места се намалува, наместо да расте. Некои истражувања велат дека над 30% од Американците работат како фриленсери и со тоа формираат силна gig економија.

Фото: Pixabay