Што е хаштаг #?

1346

Фото: Pixabay

Хаштагот или препознатливата тараба # постои многу време пред да се појават популарните мрежи. Низ историјата се користела како ознака за тежина.

Тарабата на крајот на 70-тите години од минатиот век почна да се користи во информатичката технологија во програмскиот јазик С, како посебен клучен збор. Во 90-тите години, овој знак се најде на телефоните со типки.

Денес, # својата популарност ја должи на социјалната мрежа Twitter. Во 2007 година, девелоперот Крис Месин предложил одредена тема на оваа социјална мрежа да започне со симболот # за полесно групирање. Овој поим во 2010 година е вклучена во речникот на Оксфорд, а две години подоцна е прогласен за збор на годината поради неговото глобално влијание.

За кратко време, по Twitter, почнаа да го користат и другите социјални мрежи како што се: Instagram, LinkedIn, Facebook, Pinterest, Youtube…

Хаштагот на корисникот му помага да ја сподели содржината со сите оние кои пишувале на истата, се заинтересирани или се во потрага по слични информации. На тој начин, корисникот ќе има прилика да се поврзе со корисниците и со нив да споделува информации.

Кога некој креира хаштаг, во моментот кога ќе го напише и постави, на пример на Facebook, тој ќе биде индексиран и автоматски претворен во линк (единствен URL), така што ќе се појави во пребарување на Facebook.

Хаштагот се креира на едноставен начин. Може да биде еден збор, фраза, кратенка, комбинација од зборови и броеви. Во еден хаштаг не треба да има празен простор или броеви, бидејќи сите се пишуваат споено.