Што е клиринг?

2101

lap-top-ocila-i-notes-pixabay

Фото: Pixabay

Клиринг претставува специфична банкарска работа во вид на израмнување на побарувањата и обврските меѓу две држави (билатерален клиринг) или меѓу повеќе земји (мултилатерален клиринг), што е заснован на посебен договор.

Според овој договор, двете страни имаат заедничка обврска сите средства остварени со извоз на производи и услуги во одреден временски период да се употребат за увоз на производи и услуги меѓу државите што се договараат.

Клириншкиот начин на плаќање е резултат на мерките за девизна контрола и други девизни ограничувања, што одредени земји ги применуваат со цел планско регулирање на приливот и одливот на девизи.

Основна предност на клирингот во однос на слободните девизни плаќања е во тоа што овозможува меѓународно плаќање со употреба на националната валута, без да се користат конвертибилни девизи. Врз основа на клириншкиот договор и трговските контингенти, им се овозможува на земјите што немаат доволно девизи да развијат силна надворешно – трговска размена, во рамки на потребите на националната валута. Исто така, клирингот претставува ефикасен инструмент за планирање на контролата на девизното надворешно – трговското работење со странство, а спречува и формирање на платен дефицит.