Што е мануфактура?

Мануфактура е поголема работилница заснована врз рачен алат (рачно производство) и внатрешна поделба на трудот, пa затоа се нарекува уште сложена кооперација. Постојат хетерогена и огранска мануфактура.

Првата вработува занаетчии од различни струки кои произведуваат делови, од коишто се создава некој производ (на пр. пајтон).

Втората вработува работници од иста струка кои вршат одделни сукцесивни операции во производството на некој производ (на пр. игла).

Мануфактурата ce смета за премин од занаетчиско кон индустриско производство. Мануфактурата ја зголемува продуктивноста на трудот на повисоко ниво во однос на простата кооперација. Таа одигра голема улога во развојот на капиталистичкото стоковно производство и во развојот на капиталистичкиот начин на производство.

Мануфактурниот облик на капиталистичкото производство почнува кон средината на 16 и трае cè до последната третина на 18 век, кога беше потисната од индустриската револуција, односно од машинското производство. Овој период од развојот на капитализмот е наречен мануфактурен капитализам.

Фото: Pexels